О Г Л А С 2/09-3163/1

| | 0 Comments| 08:15
Categories:

Целиот оглас можете да го најдете овде

Врз основа на договор склучен на 15.11.2023 година со број 09-3163/1, Друштвото за информатичка технологија и услуги „М-НЕТ ФАКТОРИ“ ДООЕЛ, Скопје, објавува оглас за набавка на услуги и добра за потребите на проектот „ПРОЏЕКТО“. ОГЛАСОТ Е ДЕЛИВА НААВКА

 

 

О Г Л А С  2/09-3163/1

 

За компанијата

М-НЕТ ФАКТОРИ (N&M Factory) е компанија која ужива да работи и да креира софтверски решенија, да креира мрежни решенија и да придонесува кон дигитализација. Работниот тим е целосно посветен и работи во различни технологии за развој на софтвер, како што се (JavaScript, Angular, .Net итн. како и најпознатите CMS, (WordPress, и Drupal ..), Разни технологии за развој на инфраструктура (Microsoft , Linux, Microsoft Azur, Cloud Work, DevOps итн.). Ние сме млада компанија која постоиме од 2018 година и од основањето на компанијата, тимот на N&M Factory има работено на повеќе од 20 заеднички проекти (за мали и големи претпријатија) и развивме на голем број на решенија за безбедност за претпријатија од висока класа.

Нашата визија е фокус на напредокот на дигиталната ера и агенда, заштита на животната средина, активности во корист на општеството и посветеност на градење модерно општество. Како компанија главна цел ни е дигитализирање на општеството и создавање на паметни градови (SMART CITIES) каде благодарение на модерните технологии ќе целиме кон намалување на загадувањето и заштитата на животната средина, зголемена безбедност и паметен транспорт, помал степен на корупција.

 

За проектот

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е идеа која произлезе од работните групи на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Од друга страна, системот има за цел да ги намали финансиските импликации на претпријатијата од секаква големина, граѓанските организации и институциите преку едноставниот менаџмент систем и сите потребни алатки на едно место. Благодарение на алатката ПРОЏЕКТО степенот на дигитализација во Македонија ќе го доведеме на ново ниво, а со самото тоа компаниите ќе имаат можност да ги намалат своите трошоци и да ја зголемат својата продуктивност. Гледајќи од наша гледна точка како компанија која е премногу млада и губењето на време во бирократски работи, целиме кон тоа да создадеме одлична алатка за многу корисници кои ќе добијат олеснување во секојдневните обврски во нивното работење. Од друга страна благодарение на алатката ќе доведеме до зголемување на продуктивноста на бизнисите, а со самото тоа компаниите ќе го зголемат својот промет и профит.

Благодарение на решението кои ги нудиме и го развиваме, и решение кое користи вештачка интелигенција и ИоТ целиме да обезбедуваме целосна дигитализација на голем број на процеси, како и безбедност на засегнатите страни, но и олеснување и упростување на секојдневните обврски. Преку овој проект сакаме да обезбедиме креирање на основните функционалности на овој софтвер, да го тестираме и го промовираме.

Дел 1 – Набавка на услуги

Дел 1/1 – Набавка на услуги лице за изработка на Модул 1 (Сметководствен модул) на софтверското решение

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на услуги за едно (1) лице за изработка на Модул 1 (Сметководствен модул) на софтверска апликација.

Сметководствениот модул е електронска верзија на сметководствените книги во компанијата. Приходите, расходите, средствата и обврските се евидентираат и се следат дигитално за да се одржи целосна слика за финансиската состојба на вашиот бизнис.

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е програм кој се развива од страна на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Сите заинтересирани лица кои ќе се пријават на овој повик односно оглас треба да имаат напредно познавање и напредни вештини во програмирањето. Од избраните кандидати од овој дел ќе се бара одлично познавање на програмирање на предински и позадински  дел (full stack) на софтвери и алатки, континуирана соработка во текот на целата година, редовна комуникација и приготвување на месечни или квартални извештаи по барање на раководството на проектот.

 

Испорака:

Извршената набавка на услугите предвидена во дел 2/3 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по иницијалните почетни активности. Временски период на ангажман е со определен рок во должина од една (1) година

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

Потребна документација:

  • Подготвена и пополнета предмер пресметка за горе споменатиот продукт со јасно впишани цени
  • CV или кратка биографија

Дел 1/2 – Набавка на услуги лице за изработка на Модул 2 (Модул за архивско работење) на софтверското решение

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на услуги за едно (1) лице за изработка на Модул 2 (Модул за архивско работење) на софтверска апликација.

Модулот за архивирање на информации за претпријатија е дизајниран да помогне во складирањето на структурирани и неструктурирани оригинални историски податоци на компанијата. Овој модул обезбедува комплетни архиви на деловни податоци преку инкорпорирање на неструктурирани податоци (на пример, е-пораки и медиумски датотеки, документи и сл.)

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е програм кој се развива од страна на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Сите заинтересирани лица кои ќе се пријават на овој повик односно оглас треба да имаат напредно познавање и напредни вештини во програмирањето. Од избраните кандидати од овој дел ќе се бара одлично познавање на програмирање на предински и позадински  дел (full stack) на софтвери и алатки, континуирана соработка во текот на целата година, редовна комуникација и приготвување на месечни или квартални извештаи по барање на раководството на проектот.

 

Испорака:

Извршената набавка на услугите предвидена во дел 2/4 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по иницијалните почетни активности. Временски период на ангажман е со определен рок во должина од една (1) година

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

Потребна документација:

  • Подготвена и пополнета предмер пресметка за горе споменатиот продукт со јасно впишани цени
  • CV или кратка биографија

 

Дел 1/3 – Набавка на услуги лице за изработка на Модул 4 (Модул за маркетинг и брендинг) на софтверското решение

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на услуги за едно (1) лице за изработка на Модул 3 (Модул за маркетинг и брендинг) на софтверска апликација.

Модул за маркетинг и брендинг е автоматизирање на процесите за маркетинг односно следење на веќе постоечки активни кампањи, нивото на буџет, социјални медиуми, рапорти од постигнатите кампањи и друг вид на маркетинг со цел достигнување на што е можно поголем број на клиенти од страна на компанијата.

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е програм кој се развива од страна на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Сите заинтересирани лица кои ќе се пријават на овој повик односно оглас треба да имаат напредно познавање и напредни вештини во програмирањето. Од избраните кандидати од овој дел ќе се бара одлично познавање на програмирање на предински и позадински  дел (full stack) на софтвери и алатки, континуирана соработка во текот на целата година, редовна комуникација и приготвување на месечни или квартални извештаи по барање на раководството на проектот.

 

Испорака:

Извршената набавка на услугите предвидена во дел 2/6 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по иницијалните почетни активности. Временски период на ангажман е со определен рок во должина од една (1) година

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

Потребна документација:

  • Подготвена и пополнета предмер пресметка за горе споменатиот продукт со јасно впишани цени
  • CV или кратка биографија

 

Дел 1/4 – Набавка на услуги лице за изработка на Модул 5 (Модул за бизнис интелигенција) на софтверското решение

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на услуги за едно (1) лице за изработка на Модул 3 (Модул за маркетинг и брендинг) на софтверска апликација.

Модулот за деловна или бизнис интелигенција е збир на алатки што ги користат компаниите за преземање, анализа и трансформирање на податоците во корисни деловни сознанија. Примери на алатки за деловна интелигенција вклучуваат визуелизација на податоци, складирање податоци, контролни табли и известување. За разлика од конкурентната интелигенција, модулот за деловна интелигенција повлекува од внатрешни податоци на бизнисот, наместо од надворешни извори.

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е програм кој се развива од страна на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Сите заинтересирани лица кои ќе се пријават на овој повик односно оглас треба да имаат напредно познавање и напредни вештини во програмирањето. Од избраните кандидати од овој дел ќе се бара одлично познавање на програмирање на предински и позадински  дел (full stack) на софтвери и алатки, континуирана соработка во текот на целата година, редовна комуникација и приготвување на месечни или квартални извештаи по барање на раководството на проектот.

 

Испорака:

Извршената набавка на услугите предвидена во дел 2/7 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по иницијалните почетни активности. Временски период на ангажман е со определен рок во должина од една (1) година

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

Потребна документација:

  • Подготвена и пополнета предмер пресметка за горе споменатиот продукт со јасно впишани цени
  • CV или кратка биографија

 

Дел 1/5 – Набавка на услуги лице за изработка на бази на податоци на софтверското решение

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на услуги за едно (1) лице за изработка на бази на податоци на софтверска апликација.

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е програм кој се развива од страна на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Сите заинтересирани лица кои ќе се пријават на овој повик односно оглас треба да имаат напредно познавање и напредни вештини во програмирањето особено во делот на базите на податоци. Од избраните кандидати од овој дел ќе се бара одлично познавање на програмирање на предински и позадински  дел (full stack) на софтвери и алатки, особено во делот на бази на податоци, континуирана соработка во текот на целата година, редовна комуникација и приготвување на месечни или квартални извештаи по барање на раководството на проектот.

 

Испорака:

Извршената набавка на услугите предвидена во дел 2/10 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по иницијалните почетни активности. Временски период на ангажман е со определен рок во должина од една (1) година

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

Потребна документација:

  • Подготвена и пополнета предмер пресметка за горе споменатиот продукт со јасно впишани цени
  • CV или кратка биографија

 

До кога може да се достави  понуда?

 

Вашите понуди можете да ги доставите во електронска форма на [email protected] со наслов: О Г Л А С  1/09-3163/1, не подоцна од 15.12.2023 (Петок) до 14:00ч. М-НЕТ ФАКТОРИ ќе го/ги извести избраниот/те кандидат не подоцна од 5 работни денови по затварање на повикот. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Напомена: Огласот Е ДЕЛИВА НАБАВКА и може да се поднесуваат понуди поединечно во зависност од понудувачите.

Предност ќе имаат понудувачи кои ќе понудат пониски цени во однос на побарани перформанси. Евалуацијата ќе се извршува врз следнава пресметка: 50% перформанси и 50% цена на понудата

 

 

Со почит,

Тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ