О Г Л А С 4/09-3163/1

| | 0 Comments| 14:09
Categories:

Целиот оглас можете да го најдете овде

Врз основа на договор склучен на 15.11.2023 година со број 09-3163/1, Друштвото за информатичка технологија и услуги „М-НЕТ ФАКТОРИ“ ДООЕЛ, Скопје, објавува оглас за набавка на услуги и добра за потребите на проектот „ПРОЏЕКТО“. ОГЛАСОТ НЕ Е ДЕЛИВА НАБАВКА

 

 

О Г Л А С  4/09-3163/1

 

За компанијата

М-НЕТ ФАКТОРИ (N&M Factory) е компанија која ужива да работи и да креира софтверски решенија, да креира мрежни решенија и да придонесува кон дигитализација. Работниот тим е целосно посветен и работи во различни технологии за развој на софтвер, како што се (JavaScript, Angular, .Net итн. како и најпознатите CMS, (WordPress, и Drupal ..), Разни технологии за развој на инфраструктура (Microsoft , Linux, Microsoft Azur, Cloud Work, DevOps итн.). Ние сме млада компанија која постоиме од 2018 година и од основањето на компанијата, тимот на N&M Factory има работено на повеќе од 20 заеднички проекти (за мали и големи претпријатија) и развивме на голем број на решенија за безбедност за претпријатија од висока класа.

Нашата визија е фокус на напредокот на дигиталната ера и агенда, заштита на животната средина, активности во корист на општеството и посветеност на градење модерно општество. Како компанија главна цел ни е дигитализирање на општеството и создавање на паметни градови (SMART CITIES) каде благодарение на модерните технологии ќе целиме кон намалување на загадувањето и заштитата на животната средина, зголемена безбедност и паметен транспорт, помал степен на корупција.

 

За проектот

Софтверската алатка ПРОЏЕКТО е идеа која произлезе од работните групи на тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ, со главна цел олеснување на процесите на малите компании во нивните секојдневни обврски, како и менаџирање на сите свои обврски од едно место и со една единствена сметка, а да можат да работат од било кое место покрај своите канцелариски простории.

Од друга страна, системот има за цел да ги намали финансиските импликации на претпријатијата од секаква големина, граѓанските организации и институциите преку едноставниот менаџмент систем и сите потребни алатки на едно место. Благодарение на алатката ПРОЏЕКТО степенот на дигитализација во Македонија ќе го доведеме на ново ниво, а со самото тоа компаниите ќе имаат можност да ги намалат своите трошоци и да ја зголемат својата продуктивност. Гледајќи од наша гледна точка како компанија која е премногу млада и губењето на време во бирократски работи, целиме кон тоа да создадеме одлична алатка за многу корисници кои ќе добијат олеснување во секојдневните обврски во нивното работење. Од друга страна благодарение на алатката ќе доведеме до зголемување на продуктивноста на бизнисите, а со самото тоа компаниите ќе го зголемат својот промет и профит.

Благодарение на решението кои ги нудиме и го развиваме, и решение кое користи вештачка интелигенција и ИоТ целиме да обезбедуваме целосна дигитализација на голем број на процеси, како и безбедност на засегнатите страни, но и олеснување и упростување на секојдневните обврски. Преку овој проект сакаме да обезбедиме креирање на основните функционалности на овој софтвер, да го тестираме и го промовираме.

Дел 1 – Набавка на добра

Дел 1/1 – Набавка на актривна и пасивна мрежен опрема

 

За потребите на проектот и носителот на проектот во реализирање на проектните активности поврзани со проектниот план предвиден во проектот „ПРОЏЕКТО“, М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ распишува оглас за набавка на добра

  • Набавка на мрежен кабел
    • Потребни перформанси:
      • UTP Cat6a Cable 500meters CCA Unshielded,
      • foiled twisted pairs,
      • Bare copper wire Ø 0.56 mm (AWG23/1)
        • Едно парче (котор од 500 метри)
      • Набавка на Access point
        • Потребни перформанси Тип I
          • Мин. AC1750 Wireless Dual Band Gigabit
          • Ceiling Mount Access Point
          • Frequency 2.4GHz and 5GHz
          • Signal rate 5GHz: Up to 1300Mb
            • Едно парче
          • Потребни перформанси Тип II
            • Мин. AX1800
            • Ceiling Mount Wi-Fi 6 Access Point
            • Omada Business
            • WiFi 6 AX1800
            • Wireless Gigabit Access Point
            • Support Mesh
            • OFDM
              • Едно парче
            • Набавка на рутер
              • Потребни перформанси
                • WiFi 6 Router
                • AURA RGB
                • Dual Band (2.4 GHz / 5 GHz)
                • Maximum Wi-Fi standard: Wi-Fi 6 (802.11ax)
                • WLAN dat
                  • Едно парче
                • Набавка на 3G/4G рутер
                  • Потребни перформанси
                    • 3G/4G WiFi router
                    • 4G LTE mobile broadband
                    • transfer speed up to 150 Mbps
                    • WiFi support at speeds up to 300 Mbps
                    • LAN Eth
                      • Едно парче
                    • Набавка на рутер
                      • Потребни перформанси
                        • AX1800 Dual Band WiFi 6 (802.11ax)
                        • Router supporting MU-MIMO
                        • OFDMA technology
                        • with AiProtection
                        • Classic network sec
                          • Три парчиња
                        • Набавка на рутер
                          • Потребни перформанси
                            • Dual-Band Wi-Fi Router
                            • 867Mbps at 5GHz + 300Mbps at 4GHz
                            • 5 Gigabit Ports
                            • 4 antennas
                            • Beamforming
                            • MU-MI
                              • Едно парче
                            • Набавка на Свич
                              • Потребни перформанси
                                • 8-port Desktop Gigabit Switch
                                • 8 10/100/1000M RJ45 ports
                                • steel case

 

 

Испорака:

Извршената набавка на добрата предвидена во дел 1/1 може да се испорача до просториите на М-НЕТ ФАКТОРИ или според ваши барања. Испораката мора да започне во рок од 48 часа по прифаќање и плаќање на понудата. Временски период на гарантен период е во должина од минимум две (2) години

 

Сопственост:

Извршените набавки за услуги врз основа на овој оглас се во сопственост на М-НЕТ ФАКТОРИ ДООЕЛ Скопје.

 

До кога може да се достави  понуда?

 

Вашите понуди можете да ги доставите во електронска форма на [email protected] со наслов: О Г Л А С  4/09-3163/1, не подоцна од 05.06.2024 (Среда) до 14:00ч. М-НЕТ ФАКТОРИ ќе го/ги извести избраниот/те кандидат односно добавувач не подоцна од 5 работни денови по затварање на повикот. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Напомена: Огласот НЕ Е ДЕЛИВА НАБАВКА и понудите кои се поднесени не комплетни со побараните спецификации нема да бидат земени во предвид

Предност ќе имаат понудувачи кои ќе понудат пониски цени во однос на побарани перформанси. Евалуацијата ќе се извршува врз следнава пресметка: 50% перформанси и 50% цена на понудата

 

Со почит,

Тимот на М-НЕТ ФАКТОРИ